Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија

По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца.
Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесат страв меѓу граѓаните и се апелира до јавноста да не наседнува на лажни гласини и шпекулации кои претежно се пласираат преку социјалните мрежи.
Истовремено, контактирани се сите училишта и јавни образовни установи за да им се укаже на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести.
Од надлежните државни органи градоначалникот Поцков побара против лицата што шират лажни информации преку социјалните мрежи да се преземат санкции согласно законските одредби.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
