Лажна работа со одлична плата

Eдно веб студио во рускиот град Тјумен обави оглас за работа во кој се бара - лажен програмер.
Идеалниот кандидат за таа позиција би требало да биде слаб, да носи стари џемпери и очила.
Тој што ќе ја добие работата, ќе мора да седи зад работната маса близу влезот и постојано да има отворен ХТМЛ код пред себе. А, додека бледо гледа во мониторот, ќе треба да користи „вообичаени професионални“ фрази како што се: „Убаво им реков дека ова требаше да се сработи во Фрејмворк!", „О, не! Среќа што направив бекап" и слично.
Листата фрази ќе се дополнува секој месец, стои во огласот.
А, има и уште еден дополнителен услов. Ако сте подготвени да истетовирате мотив од областа на програмерството, платата ќе Ви биде повисока за 170 до 500 долари!
Причината поради која студиото бара лажен програмер, е тоа што многу клиенти ја гледаат фирмата како нестабилна, оти во неа работат само три лица, па со новиот „статист“ тие сакаат да да влеат доверба кај своите клиенти.
Освен програмер, во студиото имаат намера да вработат и лажен веб дизајнер. Оние кои ќе ги добијат овие позиции, ќе можат постојано да „висат“ на социјалните мрежи или да играат видео игри.
Ново на Сител
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
