Лажливите медиуми на Заев продолжуваат грубо да манипулираат со јавноста
![]()
Сдсмовските и соросовите медиуми и портали како Телма, Плусинфо, Либертас и останатите сателитски опозициски портали продолжуваат грубо да лажат во обидот да ја манипулираат јавноста, одработувајќи за стратегијата на СДСМ и Зоран Заев за фабрикување на лаги.
Премиерот Никола Груевски доцна синоќа оствари средба со претставници на дипломатскиот кор во земјава на која беше истакната посветеноста за реализирање на договорот од Пржино. Опозициските медиуми и соросови портали се обидоа да ја извртат конструктивната изјава на италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Масимино Белели, дека имало наводен притисок кон премиерот Груевски и власта.
-Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата и нашите гледишта. Немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите, гласеше конструктивната изјава на Белели.
Споменатите лажливи медиуми кои работат за Зоран Лагата Заев пласираа дезинформации дека наводно имало притисок, шамарења,предупредувања од дипломатите кон Владата. Сепак, реалноста е дека на средбата била истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот.
-Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, стои во соопштението испратено синоќа од владината прес-служба.
Лагите за шамарите пласирани од сдсмовската Телма и другите соросови портали се еднакви на лагите за посетата на Заев на Израел и лагите поврзани со првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер. Сдсмовските медиуми и портали доживуваат климакс, шират лаги кои се предмет на потсмев не само меѓу македонската јавност, туку и меѓу дипломатскиот кор.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
