Лажетиќ: Нашата сообраќајна некултура, едноставно ќе мора да се регулира, оној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник

Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа што некогаш сето тоа и превентивно делува.
Според Лажетиќ сето тоа веќе делува превентивно, иако системот не започнал да се имплементира, тоа сепак превентивно делува во делот на она што значи начин на управување со моторно возило.
- Треба во јавноста да се разбие една заблуда дека веднаш на првиот прекрошк ќе ви го земат моторното возило, меѓутоа, за повторници, за оние коишто безобѕирно управуваат со возило со брзина над 120 од дозволената, веќе е нешто што возилото се претвора во опасно орудие и тоа мора да биде одземено, нагласува Лажетиќ.
Лажетиќ, исто така, посочи дека се размислувало и на тоа колку забрани треба да има претходно и за кои прекшоци, за да едноставно се стави ред и поредок.
- Оној којшто не сака да се придржува на тие основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник во него и тука мислам и на пешаци, и на велосипеди, и на електрични тротинети, тука мислам и на возачи на кое било моторно возило, нагласи Лажетиќ.
Прашана дали системот ќе може да се справи со зголемениот број казни и санкции што ќе ги „лови“ системот „Безбеден град“ само со законски измени, Лажетиќ вели дека најголем акцент со системот ќе биде на делот на прекршоците и оти ќе може системот да се справи.
- На самиот почеток очекуваме сите дека ќе има поголем број на пристигнати барања за поведување на прекршочна постапка, бидејќи целиот систем е така поставен меѓутоа тоа едноставно ќе биде во еден дел малку поголем товар на судовите. Доколку граѓаните не се согласни да ја платат глобата па одат низ судска постапка, така што, има многу можности како тоа не секогаш стигне до суд, изјави Лажетиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
