„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот“ - се огласи сопругата на Андреј од „ДНК“

Сопругата на пејачот Андреја од бендот ДНК, кој го изгуби животот во големиот пожар кој настана во дискотека во Кочани, се обрати до медиумите.
- Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност.
Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.
Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.
Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.
Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.
Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.
Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ!
Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…
Ново на Сител
-

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-

Сончево и топло до 20 степени
-

Американската амбасада во Саудиска Арабија нападната со дронови
-

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава
-

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
