Лазаров уште една година во Нант, а потоа ќе биде тренер
Уште една година и толку. Таков е планот на иконата на нашиот ракомет Кире Лазаров. Тој во мега – интервјуто за хрватскиот “Вечерњи лист“, кажа дека ќе игра ракомет уште една година, ќе го одработи договорот со Нант, а потоа ќе се пензионира. Секако дека има намера да остане во овој спорт и натаму, веројатно како тренер.
“Ќе играм уште една година и мислам дека тоа ќе биде крај. Нема веќе смисла. Додека играм во Нант, секако дека ќе играм и за мојата репрезентација“ рече Лазаров, истото што го кажа и во интервјуто за СПОРТМЕДИА, дека се додека е активен има намера да и помогне на нашата ракометна селекција.
“ По крајот на мојата играчка кариера, имам намера да бидам тренер. Којзнае, можеби за десет години повторно ќе дојдам во Загреб, но сега како тренер на тој тим“.
За тоа дека сега добива шанса со Нант играјќи во следната сезона во ЛШ, да го зголеми својот скор на постигнати голови, а застана на 1.332, за хрватскиот медиум потенцираше…
“Горд сум на самиот себе, но и на играчите со кои играв, како и со тренерите со кои соработував. Никогаш не сонував дека ќе постигнам толку голови. Сега е лесно да се зборува за тие голови, но тие требаше да се постигнат. Имав среќа што немав некои посериозни повреди, што имав некоја константа во моите настапи“ рече најдобриот ракометар во историјата на Македонија.
Ново на Сител
-
Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат непроменети
-
Тошковски: Ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција
-
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
-
34-годишен Тетовец силувал малолетник
-
СДММ: Бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов - возел пијан, без возачка, направил сообраќајка
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето