Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
Секогаш сум оптимист, таков бев и како играч, таков сум и сега како тренер. Но сум и претпазлив, мора да бидам таков поради проблемите со повреди кои ги имаме.
Ова го изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров кој даде изјава за медиумите пред последните два дуели од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во јануари 2026 година.
- Периодот е краток. немаме право на грешка, очекувам два психолошки тешки натпревари. Верувам во тимот и во екипата дека ќе одговорат со вистинско лице, голем дел од играчите кои се повикани знаат какви се овие квалификациски натпревари и знаат како е да немаш право на грешка. Сакам да ја видам нивната реакција, а и на новите играчи кои се тука. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот, изјави Лазаров.
Ново на Сител
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал