-->
-->
Лазаров: Одигравме неизвесен натпревар против европскиот првак
-->
Екипата на Нант вчера го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите загуби во Скопје од европскиот првак Вардар со 23:27. По дуелот играчот на францускиот тим и капитен на македонската репрезентација Кирил Лазаров изјави:
- Прекрасно е да се биде дома. Среќен сум во Македонија. Одигравме неизвесен дуел со европскиот првак. Ова за Нант е прв година во двете најсилни групи од ЛШ. Ова е прв пораз. Во овие натпревари кога се решава во последните 10-15 минути мора да бидеш смирен, тогаш се решава победникот. Вардар имаше повеќе такви ракометари и заслужено победи.
Лазаров во игра првпат влезе во 17 минута (игра и со дрес број - сосема случајно) имаше мала минутажа.
- Нов сум во екипата и треба да се навикнам и на системот на игра. Во прв момент имам проблем и со францускиот јазик, но, како ќе минува времето очекувам и поголема минутажа. со секој случај треба да се оди чекор по чекор. Победивме неколку големи екипи во подготовките, МОнпеље, Веспрем, Берлин, ПСЖ,... Тешко е француското првенство, заврши Лазаров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автомобилот од кој е пукано кај Мавровка пронајден e во Гази Баба, има белгиски таблички | ФОТО
-
Трајановски: Експресниот пат Градско-Дреново ќе го скрати времето на патување и ќе го олесни протокот на сообраќај
-
Снимка од свадбата на Косово на која Гаши беше со службен автомобил и обезбедување
-
Се испорачуваат учебниците за 2024-2025 година, Јаневска апелира до директорите на училиштата да бидат подготвени за приемот
-
Виз-Ер ги намалува капацитетот на патници на балканскиот пазар, опфатени и Скопје и Охрид
-
„Господ да ја благослови Македонија“ - книга во спомен на претседателот Борис Трајковски
-
Премиерот Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет
-
ФОТОГРАФИИ од убиството кај Мавровка