Лазаров: Не сакаме да ги оставиме нашите младинци

По прес конференцијата капитенот Кирил Лазаров, ја објасни целата ситуација што се случуваше по вчерашниот пораз од Тунис:
Инаку, ова е неочекуван неуспех. Во кусо време се случија многу работи. Првин селекторот, па Миркуловски, Мојсо, а после и претседателот. Не бев ниту подготен за овој натпревар премногу мислев за сите овие работи. Во овој момент не знам што да кажам. За нашата иднина и за мојата во националниот дрес. Мојсо и Жути очекувано, за претседателот како „гром од ведро небо“, голем човек, голем емотивец Голем Македонец. Не гледам правец насока ако тоа се случи. Со респект кон сите, што биле на чело на федерацијата. Имавме услови, имавме се на тацна. Господинот Живко Мукаетов, не заслужува да се прости на таков начин, како и Мојсо, и многу од нас. Да ги оладиме главите, младинците не усреќија,... Навистина не знам што да кажам, да оставиме малку време и да решиме што понатаму.
Не губи само ракометот губи цел спорт,...
Не сакаме да ги оставиме нашите младинци, но ако нема амбиција,... Никој не очекуваше ваков расплет, Ние пукаме со сите „шавови“,... Младите нема да ги оставиме на цедило и ќе дадеме се од себе да ги пласираме на Светско првенство. Многу сме еуфорични и емотивни. Треба да имаме добра стратегија. Ние не знаеме да калкулираме, како што тоа го направи Хрватска.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
