Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Тренерот Кирил Лазаров побара да не се создава еуфорија и неговите избраници без притисок да влезат на средбата.
„Стигнавме до финале важно за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Имаме одлична предност од 4 голови. Сепак, секогаш сум претпазлив, треба порелаксирано да го дочекаме натпреварот. Не сакам моите играчи да бидат под притисок. Утре одиме во карантин и верувам дека подготвени ќе го дочекаме реваншот, изјави Лазаров пред дуелот.
На денешната прес-конференција своите очекувања ги кажа и голманот Иван Галевски кој во Грција одбрани пет пенали од шесте досудени за АЕК.
„АЕК е искусна и силна екипа. Нема да ни биде воопшто лесно. Но ние ќе ја имаме поддршката од нашиот осми играч – публиката. Верувам дека на крајот ќе го кренеме пехарот“ изјави Галевски.
Македонскиот претставник од Атина донесе четири голови предност.
Натпреварот Алкалоид – АЕК ќе се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.
Од Алкалоид апелираат на фер и спортско навивање во текот на целиот натпревар.
Ново на Сител
-
Синер за ЛШ: Ќе биде одлично доколку победи Интер, но ќе бидам среќен и за Донарума
-
Национална конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“
-
Сиљановска-Давкова во работна посета на Казахстан, денеска на средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев
-
Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата