Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на средбата со Словенија во првото коло од Европското првенство.
Од присутните во Унгарија, во составот на „црвено-жолтите“ ќе ги нема централниот бек Марко Митев и голманот Благојче Трајковски.
Лазаров кој е и капитен на националниот тим се одлучи за следниве играчи:
голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски
леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевскицентрални бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Горан Крстевскипивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновскидесни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимовдесни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски.
Почетокот на натпреварот во Дебрецин е закажан за 18 часот.
Ново на Сител
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот