Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави дека Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет и со уцени и санкции се обидува да ја одржи својата доминација.
Тој наведе дека дискусиите и иницијативите изложени на Самитот на ШОС во Тјанџин, Кина покажуваат дека се формира мултиполарен свет.
– Западните земји се обидуваат да го спречат тоа. Тие се обидуваат да ја одржат својата доминација, не со преговори и методи на фер конкуренција, туку со директна уцена, притисок, санкции, наведе Лавров.
Според него постои „колосална“ злоупотреба на улогата на доларот во светската трговија и оти САД на сите им наметнуваат царински војни.
– Општото мислење беше дека сето ова нема никаква врска со обидот да се одбранат легитимните права на Западот во глобалната економија и политика, туку едноставно се користи како алатка за потиснување на конкурентите. Фактот дека конкурентите не само што пораснале, туку веќе се пред историскиот колективен Запад во повеќето аспекти е очигледен за сите, истакна Лавров.
МИА
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон