Лавров во посета на САД
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува во посета на САД од денеска до четврток и во таа прилика ќе се состане со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, на која ќе разговараат за кризата во Сирија, Украина, како и за билатералните прашања.
Состанокот на Лавров и Тилерсон е предвиден за утре во Вашингтон, соопшти Стејт департментот.
Тилерсон, на темата за Сирија, има намера со неговиот руски колега да разговара за напорите со цел намалување на насилството, пружање хуманитарна помош на сирискиот народ и овозможување на политичко решение за граѓанската војна што веќе шест години се одвива во земјата, најави Стејт департментот.
Кога станува збор за Украина, двете страни ќе разговараат за потребата да се запре насилството во источниот дел на земјата и да се реши судирот преку целосна примена на Минскиот договор, стои во соопштението.
Лавров и Тилерсон претходно се договорија да се состанат на 10 или 11 мај на Алјаска, во рамките на самитот за Арктикот.
Состанокот на рускиот министер за надворешни работи и државниот секретар на САД претставува навестување дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи на одржување отворени линии за комуникација за Сирија, каде Москва има значително влијание.
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје