Лавров во Москва се сретна со лидерот на прокурдската Демократска народна партија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера разговараше со лидерот на турската прокурдска партија Селахатин Демирташ за конфликтот во Сирија и за потенцијалната поддршка на Москва за курдските групи кои се борат против Исламска држава.
- Ние знаеме дека има ирачки и сириски Курди кои со оружје на теренот се борат против заканата од ИД и другите екстремни групи, му кажа Лавров на својот соговорник Демирташ, лидер на турската Демократска народна партија, пренесоа француските медиуми.
Лавров додаде дека Русија е подготвена активно да соработува со оние кои се борат против таквата закана.
Демирташ е првата истакната личност од Турција во посета на Москва од соборувањето на рускиот авион на турско-сириската граница, на 24 ноември, што доведе до криза во односите меѓу Анкара и Москва.
Турската Влада ја критикуваше посетата на лидерот на водечката курдска опозициска партија на Русија.
-Зошто заминуваат таму во момент кога со оваа земја имаме криза заради нивното прекршување на нашиот воздушен простор, се запраша турскиот премиер Ахмет Давутоглу, потсетуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто