Лавров: Русија е подготвена да го продолжи примирјето во Сирија ако не дејствуваат бунтовниците
Русија потврди пред САД дека е подготвена да го продолжи „режимот на тишината“ во Алепо, ако бунтовниците, кои се опколени во источниот дел од градот, не ги активираат дејствијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Тој истакна дека Русија е загрижена дека и покрај добрата волја на Мосва и Дамаск бунтовниците од Џебхад Фатах ал Шам одбиваат да го напуштат градот.
Тој изрази сомневање дека Западот сака да ја заштити сириската екстремистичка група, позната по старото ине Ал Нусра фронт, бидејќи сака да ја искористи во соборувањето од власт на сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Москва е многу загрижена поради извештаите дека Турција бомбардира делови од северна Сирија.
Лавров запрашан како ги коментира заканите на сириската Влада дека ќе собори воен авион ако го повреди нејзиниот воздушен простор, тој истакна дека Сирија е суверена држава.
Ново на Сител
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
Дводневно заседание на ЕП, на агендата Газа, ЦБАМ, руските енергенси и единствениот пазар
-
Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава