Лавров: Путин и Обама имаа конструктивен разговор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изрази уверување дека американскиот претседател Барак Обама го слушнал својот руски колега Владимир Путин што има да каже, оценувајќи дека синоќешниот разговор меѓу двајцата лидери бил конструктивен, но не биле договорени никакви конкретни чекори, ниту е разгледано прашањето за формирање коалиција во борбата против Исламска држава (ИД).
Лавров во интервју за телевизијата „Раша тудеј“ во Њујорк истакна дека САД и коалицијата која ја предводат во „едностраните антитерористички акции на сириска територија“, покажуваат дека „не ја научиле лекцијата од минатото и продолжуваат да го поткопуваат авторитетот на ОН“.
Според него, Путин му кажал на Обама дека не е реална идејата за заедничка команда на силите кои се борат против ИД, но дека треба да се координираат активностите на терен и воздушните напади со локалните сили.
Шефот на руската дипломатија смета дека борбата против терористите би можела да биде поефикасна доколку во неа се приклучи сириското раководство.
Лавров нагласи дека Обама и Путин ја разгледале можноста за блиска соработка во изнаоѓање решение за проблемите, пред се во Сирија.
- Се согласивме дека наша заедничка цел е победа над ИД, да не дозволиме да организира калифат, кој планираат да го создадат на огромна територија, додаде Лавров, истакнувајќи дека Москва и Вашингтон се цврсто решени да не дозволат постигнување на таа цел.
Како што тврди рускиот министер, двете земји „се согласиле да ја продолжат соработката“, а натамошните разговори ќе продолжат на ниво на министерства за надворешни работи и за одбрана.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
