Балкан
10. February 2017 - 8:30

Лавров: НАТО планира распоредување војници во Бугарија и Романија

НАТО ја разгледува можноста за распоредување свои воени контингенти во Бугарија и Романија, ијзваи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Активностите што ги презема Алијансата во близина на руските погранични региони, имаат провокативен и дестабилизиарачки карактер. Заедно со најавеното испраќаење на дополнителни воени контингенти на НАТО во Полска и балтичкиот регион, веќе се водат разговори и за можноста за истовремено присуство на сили на Алијансата и на териториите на други земји во Источна Европа, односно во Бугарија и Романија, изјави Лавров во интервју за рускиот весник „Известија“.  

Според него, Русија е вознемирена и поради најавите на некои членки на НАТО дека планираат модернизација на своите вооружени сили и изградба на нова воена инфраструктура, како и поради зголемување на бројот и обемот на вежбите на Алијансата во близина на руските граници.

- Особена загриженоста претставува продолжувањето на изградбата на американскиот противракетен штит во Европа, истакна шефот на руската дипломатија во интервјуто, чии делови пренесува ТАСС.