Лавров: Фактите за трговијата на Турција со нафтата на ИД во Сирија ќе бидат претставени во ОН
Фактите за трговијата на Турција со нафтата на ИД од Сирија официјално на сите заинтересирани земји ќе им бидат претставени во ОН, изјави вечерва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со претседателот на ОБСЕ, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Белград, информира ТАСС.
-Повеќепати јавно кажувавме за тоа дека нафтата од заземените нафтени наоѓалишта од страна на Исламска држава во Сирија и Ирак истекува зад границата на Сирија, во еден дел и во Турција. Фактите, што ги потврдуваат овие околности, официјално, вклучувајќи ги и ОН, ќе им бидат претставени на сите заинтересирани страни, додаде рускиот шеф на дипломатијата.
Лавров, исто така, изјави дека за да пресече нелегалниот нафтен бизнис на ИД неопходно е да се затвори сириско-турската граница.
Ново на Сител
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување