Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека уништувањето на Хамас е нереална цел за Израел.
Зборувајќи со новинарите за време на посетата на Малезија, Лавров рече дека „на крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот“.
„Израел преку Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас целосно не се искорени. Според мене и многу мои партнери, тоа е нереална мисија. Хамас продолжува да постои и има доволно способности и поддршка, вклучително и во муслиманскиот свет“, рече Лавров.
Рускиот министер оцени и дека „Израел го спречува постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа“ и дека одредени земји се обидуваат да понудат компромиси. Тој смета дека е погрешно да се исклучат Палестинците од тие напори и најави продолжување на помошта за да се обнови палестинското единство.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски