Македонија
8. February 2017 - 14:29

Латас: Сега имаме доказ дека она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше е активно, не е пропаганда, туку е реална закана

Ние сега имаме ситуација на доказ дека она што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше е активно. Нема тука ни партија ни свети партија, во прашање е разбивање на Македонија, не е ова пропаганда, истакна главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, во вчерашното издание на инфомагазинот „Од наш агол“ на МТВ1.

-Последниве три дена на албански медиум дадена е изјава од американски конгресмен, не е било кој конгресмен, тој ја води комисијата за надворешна политика и е највлијателен човек во конгресот кога е надворешната политика во прашање. Тој вели: Македонија не е држава, треба да се распадне, да го решиме балканското етничко прашање- еден дел треба да земе Косово, за да ја сочува Албанија од такви афери, а дел во Бугарија или кон соседната држава за која Македонците мислат дека им е најблиска. Ова е изјава на американски конгресмен кој го води одборот за надворешна политика. Ниту е случајна, ниту е наивна, ниту е ограничена, ниту индивидуална. Македонија прати сега барање до американската власт дали е тоа нивни став, нормално ќе им речат не, ама процесот е отворен. Ова е од многу јак конгресмен. Ако од Америка дошле сигнали, од врвот на американската власт дека Македонија е пеналена и спремана за рспад и поделба и поништување, што е кантонизацијата на Зоран Заев, што е планот на албанските политички партии, платформата, што е сето тоа.

Изборот е прост, додаде Латас, не затоа што јас сум гласал за Груевски, може на наредните избори ќе гласам за Бранко Црвенковски или за било кој друг ако има подобра понуда.

-Сега имаме доказ дека тоа за кое се бори Груевски постои, не е пропаганда, туку е реална закана. Ако Македонците не сакаат да им постои државата, бујрум еве ви го, кантонизација на Заев, двојазичност како уставна категорија, еве ви ја албанската платформа подржете ја, рече Латас.