Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин
Германската Влада поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата и во светот соопшти дека вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин.
Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19.
На помалку од седум недели пред федералните избори, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 федерални држави ќе се обидат да се договорат за мерките за да се избегне нов бран инфекции, предизвикани од позаразниот делта сој, а со тоа да се спречат непопуларни ограничувања.
– Сакаме и ќе тестираме уште повеќе за да избегнеме ново затворање, истакна Лашет, кој е и кандидат за наследник на Меркел.
Нацрт-документот подготвен за денешните разговори сугерира дека луѓето кои не биле вакцинирани или заболени од оваа болест мора да имаат негативен тест на Ковид-19 за да можат да влезат во рестораните, да учествуваат во верски церемонии и да спортуваат во затворени простории.
Според документот предложен во октомври, бесплатните тестови за коронавирус треба да се укинат во обид да се поттикнат повеќе луѓе да се вакцинираат, откако Германија во март обезбеди бесплатни тестови за сите за да го забрза враќањето во нормален живот по заклучувањето и завршувањето на третиот бран на Ковид 19.
Досега во Германија вакцинирани се околу 55 проценти од граѓаните се се целосно имунизирани, но во моментот значително е забавено темпото на вакцинација.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите