Лари Флинт нуди 10 милиони долари за компромитирање на Трамп

Издавачот на списанието „Хаслер“, Лари Флинт најави дека ќе му даде награда „до 10 милиони долари“ на секој оној што ќе му достави информации за компромитирање на американскиот претседател Домнналд Трамп, што би довело до покренување на иницијатива за импичмент и негова смена од функцијата.
Ваквиот оглас Флинт го објави на цела една страна во денешното издание на весникот „Вашингтон пост“.
Флинт уште лани во текот на предизборната кампања во САД нудеше еден милион долари на секој што ќе му достави видео или аудио запис со кој ќе се докаже дека Трамп е „уловен“ во противзаконско или непристојно сексуално однесување.
Во денешниот оглас Флинт бара „недвосмислен инкриминирачки доказ“ кој ќе може да биде објавен и да доведе до смена на Трамп од претседателската функција.
Како причини за смена на Трамп, Флинт, меѓу дрогото ги наведува, „компромитирањето на внатрешната и меѓународната политика, изнесување на стотици лаги, груб непотизам и именување на неквалификувани личности на високи позиции“.
- Импичментот е валкана и скандалозна ранота, но многу полоша алтерантива од тое е уште три години дестабилизирачка дисфункционалност. Сметам дека моја патритска должност и должност на секој Американец е да се ослободиме од Трамп, пред да стане премногу доцна, наведува Флинт во огласот.
На крајот на огласот е наведен бесплатен телефонски број и и-мејл адреса на која заинтересираните можат да ги испраќаат компромитирачките содржини за Трамп.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
