Лапорта убедлив: Араухо се предомисли и останува во Барселона

Jувентус го очекуваше, но се чини дека ќе мора на друго место да го бара дефанзивец, бидејќи Роналд Араухо се предомислил и решил да потпише нов договор со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Претседателот Жоан Лапорта, тренерот Ханси Флик и на крајот спортскиот директор Деко биле многу убедливи во нивната намера да го задржат уругвајскиот репрезентативец и да го одвратат од преселба во Јувентус.
Уругваецот, неговите агенти и Деко синоќа имаа многу конструктивна средба, дојдоа до решение и наскоро треба да се очекува и официјално продолжување на соработката.
Араухо е член на Барселона од 2018 година кога пристигна од Бостон Ривер за 4,7 милиони евра, а за Каталонците одигра 152 натпревари и постигна осум гола.
Гави, Педри и Џамал треба да тргнат по стапките на Араухо.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
