Лансирана иницијатива на Бил Гејтс - „Мисија за иновација“
Пред отворањето на Конференцијата за климата во Париз (КОП21(, претседателите на Франција и САД, Франсоа Оланд и Барак Обама, заедно со уште 17 шефови на држави или влади и министри, најавија лансирањето на иницијативата „Мисија иновација“, чиј иницијатор на Бил Гејтс.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, целта на иницијативата е да овозможи зголемување на јавните и приватните инвестиции во секторот на „зелени“ енергии,
Во рамки на иницијативата, 20 држави се ангажираа да ги зголемат за двојно средствата од нивните буџет наменети за научни истражувања и развој на секторот за добивање енергија од обновливи извори во идните пет години.
Во Коалицијата за напредна енергија, иницирана од Бил Гејтс, членуваат 27 влијателни инвеститори од десет земји, кои се ангажираа да го поддржат развојот на овие технологии со придонес на приватниот капитал во државите кои се приклучија кон иницијативата.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден