Лајен: Сомнежите за корупција во ЕП се многу сериозни
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека сомнежите за корупција во ЕП се многу сериозни.
Овие наводи се крајно загрижувачки, крајно сериозни. Прашање е за довербата на луѓето во нашите институции, истакна Лајен, потсетувајќи дека предложила создавање независно тело за етички прашања во институциите на ЕУ.
На 9 декември во Брисел беа уапсени неколку лица по најмалку 16 претреси поврзани со истрагата за исплата на голема сума пари од страна на една земја од Персиски Залив за да се влијае врз одлуките на членовите на ЕП. Полицијата заплени 600.000 евра.
Меѓу уапсените е и потпретседателката на ЕК, Ева Каили од редовите на социјалистите и уште три лица. Тие се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.
Обвинителите изјавија дека со месеци се сомневале дека Катар се обидува да влијае на одлуките во Брисел, а катарските власти ги негираа наводите за можни неправилности.
ЕП неделава треба да гласа за предлогот за продолжување на безвизното патување во Европска Унија за Кувајт, Катар, Оман и Еквадор. Некои пратеници предложија да се одложи дискусијата.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
