Лајчак, Вучиќ и Курти на средба со Шолц во Берлин
– Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се во Берлин каде денеска ќе имаат средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и германскиот канцелар Олаф Шолц.
„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларката, а потоа ќе одржи посебна неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти“, рече Петер Стано, портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Германскиот амбасадор во Приштина Јорн Рохде рече дека разговорите ќе се фокусираат на координирање на одговорот на рускиот напад врз Украина, политичките и економските односи и регионалната соработка.
Состаноците го поддржуваат и дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, рече Рохде.
Средбата во Берлин ќе биде прва средба меѓу Вучиќ и Курти од јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на „бриселскиот дијалог“. Вучиќ и Курти минатото лето се сретнаа во два наврати, но двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и не доведоа до резултат.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција