Лајчак по првпат се сретна со членовите на својот тим
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак, ја имаше првата средба со сите членови на тимот со кој ќе работи во наредните месеци.
Лајчак на Твитер соопшти дека се сретнал, по првпат, со сите членови на неговиот тим од Брисел за дијалог меѓу Белград и Приштина и други прашања на Западен Балкан.
„Разговаравме за нашата работа што нè чека во наредните месеци“, прецизираше Лајчак.
Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, вчера рече дека ЕУ е подготвена да го продолжи дијалогот без одложување, кој треба да доведе до сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
– На двете страни им останува да се договорат за датумот и рамката на дијалогот. Специјалниот претставник Мирослав Лајчак планира да го посети регионот во наредните денови со цел да го подготви теренот и да разговара за модалитетите со двете страни, рече Стано за Танјуг.
Ново на Сител
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето