Лајчак: ЕУ заслужува вистинска дијагноза

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак од денешниот самит на ЕУ во Братислава очекува дека ќе започне процес на идентификација на проблемите во Унијата и да се дефинира какви земји-членки сака блокот да вгради од европското семејство по заминувањето на Велика Британија .
- Одговорот не може да се најде во негирање на проблемите и одложување на лекувањето. Европа заслужува вистинска дијагноза. Очекувам и уверен сум дека на денешниот неформален самит во Братислава ќе започне процес на идентификација на проблемите во Унијата и да се дефинира какви земји-членки сака да гради по заминувањето на Велика Британија од европското семејство, истакна Лајчек во авторскиот текст за подгоричкиот весник „Побједа“.
Тој додава дека фокусот треба да биде на оние прашања кои најмногу се однесуваат на Европејците.
- Безбедност во сите свои облици - јакнење на економската безбедност, заштита на работните места, социјална безбедност, внатрешна безбедност од тероризам, како и климатска безбедност. Фокус ќе бидат и миграциите - како да се управува со нив на одржлив и долгорочен начин, нагласи шефот на словачката дипломатија.
Според него, собирот посебно ќе се осврне на јазот во комуникацијата меѓу институциите и граѓаните на ЕУ, особено на младите луѓе.
- Искрено се надевам дека самитот во Братислава ќе и вдахне живот на новата, самосвесна, јасна визија на се уште обединетата Европа, заклучува Лајчак.
Ново на Сител
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
