Лајчак денеска во посета на Приштина, утре во Белград
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог,от меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска и утре ќе ги посети Косово и Србија, со цел да го следи спроведувањето на одлученото и договореното во Брисел и да ги подготви следните чекори и состаноци, пренесува Бета.
Според очекувањата, тој ќе се сретне со лидерите на Србија и Косово, но и со главните преговарачи, бидејќи во моментов работи на подготовка на средбата на шефовите на преговарачките тимови.
Ова е прва посета на Лајчак на регионот по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 2 мај во Брисел, каде што беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, но не беше постигнат напредок за формирање Заедница на општини со српско мнозинство во Косово.
Приштина го отфрли предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство претставен во Брисел од страна на Управувачкиот тим, а следниот ден го распушти Управувачкиот тим, со образложение дека на состанокот на 2 мај го презентирале статутот и оти со тоа нивниот мандат бил исполнет.
Управувачкиот тим се состоеше од четворица членови од српската заедница кои беа предложени од Србија и формално именувани од косовската Влада.
Европската Унија оцени дека со одлуката за распуштање на Управувачкиот тим, косовската страна го прекршила „духот и словото“ на договорот во дијалогот затоа што тоа тело треба да остане во сила се додека не се усвои Статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство.
На средбата во Брисел на 2 мај, Косово ја претстави својата визија за тоа како треба да изгледа Заедницата на српските општини, а премиерот Курти објасни дека како модел е искористена позицијата на Србите во Хрватска.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
