Лајан: Кина ќе и достави два милиона маски на ЕУ

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан најави дека Кина ќе испрати повеќе од два милиони заштитни маски на Европска Унија, која стана центар на пандемијата од новиот коронавирус.
Таа наведе дека тоа и го соопштил кинескиот премиер Ли Кечијанг во телефонски разговор.
– Се согласивме дека борбата против коронавирусот е глобална и дека мора да се помагаме во овие тешки моменти. Кина не ја заборави помошта што ја доби од ЕК во јануари, кога таа беше во центарот на епидемијата, посочи Лајан.
Таа наведе дека „набрзо“ очекува дека два милиони хирушки маски, 200.000 маски од типот Н-95 и 50.000 тестови за откривање на новиот коронавирус.
– Во јануари ЕУ испрати 50 тони медицинска опрема во Кина, посои Лајан.
И компанијата „Алибаба“ испрати маски во Франција и во Италија.
Ново на Сител
-

Седумгодишно дете прегазено во Кочани
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
-

Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
-

Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0,4 проценти, цената на лебот не е зголемена
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“ во вредност од над еден милион денари
