Македонија
20. October 2019 - 16:29

„Ладна“ ги извади децата во парк - забава за новото ребрендирање

Ладна ги собра најмладите во градскиот парк каде им приреди незаборавни мигови на игра и смеа во природа.

„Ајде надвор! Ние направивме промена, направете и вие!“ е новиот слогат на ребрендираната вода Ладна.

Наместо на телефоните и таблетите, децата треба повеќе време да поминуваат во игра на отворено, бидејќи природата е најголемата игротека во светот. Ладна ги повика сите млади и возрасни да ја направат промената.

На настанот во градскиот парк децата уживаа во претставата со поучни приказни, песни и игри организирани од Ладна и пријателите.

Децата задоволни од заедничкото дружење со Ладна велат дека играта надвор за нив е најдобра. Не го криеја задоволството од од приредената забава а открија и дека Ладна е нивната омилена вода за пиење.

Ладна го промени само надворешниот изглед а останува истата, квалитетна изворска вода која доаѓа директно од недопрената природа на Осоговските Планини од 1497 ипол метри надморска височина.

Избалансираниот хемиски состав ја прави погодна за подготовка на храна за доенчиња, а воедно Ладна е и првата вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија.Пораката од денешниот настан е  „Пред и по секоја игра надвор  со другарчињата, децата да не забораваат да се напијат на Ладна голтка здрав живот“.