-->
-->
Лацио го освои Супер купот на Италија
-->

Екипата на Лацио го освои италијанскиот Супер куп, откако синоќа во Рим го победи Јувентус со 3:2.
Домашните фудбалери беа подобри од освојувачот на двојната круна, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување по што следуваше голема радост на трибините на „Олимпико“.
Лацио поведе во 32.минута со голот на Чиро Имобиле од пенал. Истиот играч во 54.минута зголеми на 2:0. Во последните десетина минути беа постигнати три погодоци. Најпрво Јувентус изедначи со головите на Пауло Дибала во 85 и 91.минута од пенал, а две минути подоцна Алесандро Мурџа му го донесе првиот трофеј на Лацио во новата сезона.
Веќе следниот викенд двете екипи ќе ги одиграат натпреварите од првото коло во сезоната 2017/18 во Серија А. Лацио ќе биде домаќин на СПАЛ, додека Јувентус го пречекува Каљари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Северна Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
