КЗН: Оваа година во светот убиени 69 новинари
Оваа година во светот се убиени 69 новинари, 28 од нив од исламистички групи како Ак каеда и Исламска држава, соопшти Комитетот за заштита на новинари.
Во 2014 година таа цифра била 61.
Во анализа Комитетот наведува дека две третини од случаите оваа година станува збор за планирани убиства. Најмногу убиени новинари оваа година има во Сирија – 13. По неа во мрачната статистика е Франција – деветмина. Бројот на убиени новинари во Ирак, Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен оваа година е зголемен – во секоја од нив има по најмалку петмина жртви.
Франција за првпат е во врвот на тој список – во јаннуари во напад врз сатиричното списание Шарли Ебдо.
Репортери без граници соопштија дека оваа гоидна се убиени 27 блогери и седум соработници на медиумите. Според нив, 43 случаи на убиства на новинари останува неразјаснет.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати