КЗБ не препорача нови мерки, апелира до граѓаните да се почитуваат актуелните мерки
Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на којшто ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што не препорача воведување на нови рестриктивни мерки, само апел до граѓаните за совесно однесување и почитување на мерките кои се во сила, односно задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и згрижувачките установи.
– Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи за 8,5 проценти, што е значително понизок пораст споредено со претходната недела – 55,7 отсто и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор, се вели во соопштението.
Комисијата посочува дека од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.
– Останува силната препорака за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19, апелира КЗБ.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости