Квинсленд со 16 случаи на коронавирус планира да го продолжи карантинот
Австралиската држава Квинсленд потврди 16 локални случаи на коронавирус, а властите предупредија дека затворањето на главниот град Бризбејн може да продолжи и по недела, доколку се кршат строгите ограничувања.
Инфекциите со варијантата Делта го ставија Југоисточен Квинсленд во карантин, вклучувајќи го и Бризбејн и некои соседни региони, бидејќи властите се обидуваат да го спречат епидемискиот бран, што е најголем во периодот од повеќе од една година.
Вицепремиерот на Квинсленд Стивен Мајлс побара од жителите да останат дома. „Секогаш кога некој ќе го напушти својот дом, ризикот од можно продолжување на заклучувањето се зголемува. Сега не е време за купување мебел за надвор, ќе има време пред летото да се купат лежалки“, рече Мајл.
И најголемиот австралиски град Сиднеј, каде дневните инфекции достигнуваат рекордни нивоа, ќе биде затворен до 28 август. Воведени се строги ограничувања, а војската и помага на полицијата да ги спроведе правилата за затворање.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклиан рече дека државата треба да ја постигне целта од шест милиони дози вакцина до крајот на август, односно да ја вакцинира својата возрасна популација со најмалку една доза.
Во Австралија околу 20 проценти од луѓето постари од 16 години се целосно вакцинирани против коронавирус.
Од почетокот на пандемијата, Австралија потврди повеќе од 34.800 заразени и 927 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево