Квалитетот на струшкиот мед потврден од германски лаборатории
Пчеларството во струшкиот регион е на завидно ниво, а постарите пчелари се залагаат во пчеларските друштва да зачленат се повеќе млади, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата.
- Заеднички работиме со пчеларите, си помагаме за зимување на пчелите, вртење на медот и се што е потребно околу пчеларникот. Се работиме заедно и работите одат многу подобро. Имаме неколку млади пчелари во друштвото, ги учиме ги внесуваме во пчеларството и сакаме да има што повеќе членови во Пчеларските друштв, вели Ристо Достиноски, пчелар од Подгорци.
Струшките пасишта за пчели, смета дека се богати со растенија за квалитетен мед. Достиноски забележа дека во струшко има одлични услови за пчеларење и добра клима, а државата обезбедува субвенции што дополнително ја прави дејноста по атрактивна.
- Субвенциите за развој на пчеларството се добри, но треба да се зголемат за да имаме поголема основа да ги збогатиме пчелните семејства за поголем принос. Со тоа ќе бидеме конкурентни спрема другите места. Колку повеќе друштва имаме ќе има и повеќе мед и ќе може да извезуваме надвор од државата. Нашиот крај е богат со пасишта имаме костен, даб, багрем, ливади и други медоносни шумски и полски растенија, што придонесува за добар и квалитетен мед, нагласи Достиноски.
Квалитетот на струшкиот мед, според пчеларот Гоце Цветески, е потврден со испитувањата кои се вршат во германски лаборатории.
- Медот од овој крај е со врвен квалитет. Тоа освен низата меѓународни признанија го потврдуваат и лабораториските анализи направени во Германија, според кои нашиот мед е број еден. Но приносите се релативно мали бидејќи нашите пчелари пчеларат статично, изјави Цветески.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик