-->
-->
Квалификации за СП: Роналдо се „врати“ со четири гола за Португалија
-->
Европскиот шампион Португалија постигна победа од 6:0 против аутсајдерот Андора, а најзаслужен е Кристијано Роналдо, кој беше стрелец на четири гола. Тој во 1.коло не играше кога Португалија загуби поради повреда.
На другите дуели од 2.коло од квалификациите одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати:
А група: Франција - Бугарија 4:1, Луксембург - Шведска 0:1, Холандија - Белорусија 4:1.
Табела: Холандија 4 бодови, Франција 4, Шведска 4, Бугарија 3, Белорусија 1, Луксембург 0.
Б група: Португалија - Андора 6:0, Летонија - Фарски Острови 0:2, Унгарија - Швајцарија 2:3.
Табела: Швајцарија 6, Ф.Острови 4, Португалија 3, Летонија 3, Унгарија 1, Андора 0.
Х група: Естонија - Гибралтар 4:0, Грција - Кипар 2:1, Белгија - БиХ 4:0.
Табела: Белгија 6, Грција 6, БиХ 3, Естонија 3, Кипар 0, Гибралтар 0.
Попладнево и вечерва се играат уште девет натпревари со што ќе биде комплетирано второто коло од квалификациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти