-->
-->
Квалификации за СП 2016: Полска на чекор до Мундијалот
-->

Репрезентациите на Полска и на Чешка вечерва постигнаа победи на гостински терен на дуелите од 9.коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. Со триумфот над Ерменија со 6:1 Полска е на чекор до првото место во групата Е и со тоа и пласман на Мундијалот и потребно е вечерва Црна Гора да не оствари победа над Данска на домашен терен. Во моментов Полска има 22 бода, а Црна Гора и Данска по 16. Најдобар играч во триумфот на Полска беше Роберт Левандовски, кој постигна три голови или вкупно 15 на девет натпревари од квалификациите. Покрај дуелот Црна Гора - Данска од оваа група вечерва играат и Романија - Казахстан.
Во групата Ц Чешка како гостин ја совлада селекцијата на Азербејџан со 2:1 и се проби на третото место на табелата, со два бода повеќе од денешниот ривал. На првите две позиции во групата се Германија и Северна Ирска, кои вечерва играат во Белфаст. Во третиот дуел од групата играат Сан Марино - Норвешка. Германија е прва со 24 бодови, а С.Ирска има 19, Чешка 12, а Азребејџан 10.
Вечерва во терминот од 20:45 часот се играат и дуелите од Ф групата: Англија - Словенија, Малта - Литванија и Шкотска - Словачка. Англија е лидер на групата со 20 бодови, пред Словачка со 15, Словенија и Шкотска имаат по 14.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
