-->
-->
Квалификации за ЕУРО 2016: Последно коло - последни натпревари
-->
Квалификациите за ЕУРО 2016 во Франција ќе завршат со вечерашните девет натпревари во три групи, а потоа ќе останат да се доиграат уште бараж дуелите. Од вечерашните дуели борба за второто место има само во групата Х меѓу Норвешка и Хрватска. Во оваа група Италија е прва и вечерва ја пречекува Норвешка, додека Хрватска гостува на Малта.
Во другите две групи познати се селекциите кои се на првите две места: Исланд и Чешка (А група) и Белгија и Велс (Б група), но остнува борбата за третот место во групата. Во А групата во конкуренција се Турција и Холандија, а во групата Б: Босна и Херцеговина, Израел и Кипар.
Во моментов од третопласираните селекции Унгарија има најдобар биланс и можност директно да игра на ЕУРО 2016, а едиствено Турција може да го заземе нејзиното место.
Двојки за вечерашните натпревари од 10.коло:
А група: Летонија – Казахстан, Холандија – Чешка, Турција – Исланд.
Табела: Исланд 20 бодови, Чешка 19, Турција 15, Холандија 13, Летонија 5, Казахстан 2.
Б група: Белгија – Израел, Кипар – Босна и Херцеговина, Велс – Андора.
Табела: Белгија 20, Велс 18, БиХ 14, Израел 13, Кипар 12, Андора 0.
Х група: Бугарија – Азербејџан, Италија – Норвешка, Малта – Хрватска
Табела: Италија 21, Норвешка 19, Хрватска 17, Бугарија 8, Азербејџан 6, Малта 2.
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги