-->
-->
Квалификации за ЕП: Англија со 100 % учинок
-->
Во Групата Ф од квалификациите за Европското фудбалско првенство во Франција во 2016 година, практично сé беше решено и пред одигрувањето на последното коло,,Англија одамна беше победник во групата а како второпласирана се квалификуваше Швајцарија.
Англија квалификациите ги заврши со гостинската победа кај Литванија од 3-0, со што стана само шестата репрезентација која квалификациите ги минала со 100-процентен ефект. Головите ги постигнаа Рос Барклеи во 29, Хери Кејн во 35 и Алекс Оксленд-Чемберлејн во 62 минута.
Швајцарија, исто така, забележа гостинска победа кај Естонија, извојувана со автоголот на Клаван во четвртата минута од судиското продолжение. И Словенија рутински го одработи гостувањето кај Сан Марино, победувајќи со 2-0, со головите на Цесар во 54 и Печник во 75 минута.
Англија го освои првото место со 30 бодови, Швајцарија е на второто со 21, Словенија е трета со 16, а Естонија и Литванија собраа по 10 бодови, додека Сан Марино освои 1 бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика