Ракомет
8. May 2017 - 8:35

Квалификации за ЕП 2018: Шпанија, Германија и Шведска обезбедија пласман на шампионатот

Со одигрувањето на натпреварот Исланд - Македонија комплетирано е 4.коло од ракометните квалификации за ЕП 2018 во Хрватска. И додека во групата на Македонија сите селекции имаат по 4 бодови, три репрезентации веќе обезбедија пласман на шампионатот. Ова коло беше и последниот натпревар за Талант Душебаев како селектор на Полска, откако по серијата слаби резултати најави дека ќе поднесе оставка на таа позиција. Полска има освоено само еден бод, а на СП во Франција не успеа да се палсира во осминафиналето.

Тоа се: Шпанија, Германија и Шведска.
 
Табела група 1: Данска 7 бодови, Унгарија 5, Холандија 4, Летонија 0.

Табела група 2: Србија 6, Белорусија 5, Романија 4, Полска 1.

Табела група 3: Шпанија 8, БиХ 4, Австрија 2, Финска 2.

Табела група 4: Чешка 4 (+10), Македонија 4 (+3), Исланд 4 (-5), Украина 4 (-8).

Табела група 5: Германија 8, Португалија 5, Словенија 3, Швајцарија 0.

Табела група 6: Шведска 8, Црна Гора 4, Словачка 2, Русија 2.

Табела група 7: Франција 6, Литванија 6, Норвешка 4, Белгија 0.

Пласман на ЕП ќе изборат двете првопласирани селкции од групите и најдобрата третопласирана.

По четирите одиграни кола капитенот на Македонија Кирил Лазаров со 40 голови е најефикасен, пред Вуко Борозан (Црна Гора) со 33 и Јакуб Хрстка (Чешка) со 31.