Македонија
1. April 2023 - 14:51

Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Една и пол години од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е доволен период да се заклучи дека тие се најнеспособните градоначалници досега. 

Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален, важен проект што е реализиран во овој период. 

Но затоа има непродуктивно трошење на народните пари, задолжување на општините и поскапи комунални услуги за граѓаните. 

Последна во низата општини кои ќе се задолжуваат е општина Прилеп која ќе издаде општинска обврзница од пет милиони евра, а за чие враќање со се камати ќе бидат потребни 7,5 милиони евра, пари од граѓаните. 

Се задолжува и општина Гевгелија а претходно се задолжуваа и општините Аеродром, Гази Баба, Бутел…

Покрај тоа што ги задолжуваат општините, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат и по џебот на граѓаните. 

Прилеп, Охрид, Велес, Зрновци, Штип се само дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги за граѓаните. 

Во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ нема реализирани проекти, но затоа има трошење на милиони евра за партиски вработувања во локалната власт и локалните комунални претпријатија. 

Ова е учиникот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. 

Една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година назадување на општините и долгови и поскапи услуги за граѓаните. 

Разликата помеѓу одговорниот, чесен, домаќински пристап на СДСМ и деструктивното расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна. 

 

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста