Кузеска: Поскапува храната, наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите

Економските политики на оваа Влада ја носат државата кон сиромаштија додека стандардотна граѓаните почнува забрзано да се влошува. Цените во Македонија неконтролирано продолжуваат да растат, основните производи за прехрана Владата не ги контролира и животот станува се поскап.
За еден месец, за 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на граѓаните во август во споредба со јули.
Граѓаните се жалат на се поскапиот живот а Мицкоски само „апелира“ до бизнисменните да ги намалат цените.
Кога беа во опозицијата беа гласни и ги критикуваа мерките на СДСМ со кои го штитевме стандардот на граѓаните, ги намалувавме цените и се боревме секојдневно со инфлацијата. Денес, во удобните фотелји во Владата мува не ги лази и целосно заборавија на народот.
Дополнително, додека потрошувачката кошничка расте, власта на Мицкоски ги скрати парите со ребалансот и владата не дава пари за поголема минимална плата. Не дава пари ниту за зголемување на платите во образованието но и во сите други сектори. Работниците се маргинализирани и заборавени, соочени со високи цени и замрзнати плати. Наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите.
Владите во регионот спроведуваат низа на мерки за да им помогнат на граѓаните. Владата на Србија спроведува акција „Подобри цени“ со поефтинување на над 700 производи. Црногорската владата исто така презема марки, ги ограничи маржите во трговијата на големо и мало за повеќе прехранбени и хигиенски производи. Нашите граѓани веќе одат за Врање да купуваат храна, а дома може да купат само моливи и тетратки по поевтина цена, мерка која е крајно задоцнета.
СДСМ бара Владата на Мицкоски да ги напушти погрешните економските политики и итно да изготви сет на мерки. Итно да ја ревидира сопствената економска политика која забрзано ги носи граѓаните кон сиромаштија.
Владата на СДСМ во изминатиот период реализираше голем број мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и обезбедуваше пари кои значително им помогнаа на граѓаните.
Ако не ги прекине овие погрешни политики ДПМНЕ ќе доведе до сиромаштија, влошување на животниот стандард на граѓаните и зголемување на социјалните разлики.
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка
Ново на Сител
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
