Кузеска: Груевски уште управува со ВМРО-ДПМНЕ
Секогаш кога во државата се случуваат процеси важни за иднината Христијан Мицкоски е на спротивата страна од историјата, од интересот на граѓаните, без основно чувство на државност.
Остваривме стратешки интерес поставен уште од независноста, почеток на преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, со македонски јазик во Унијата.
Наместо конструктивнот во името на граѓаните и доброто на државата, Мицкоски заедно со Апасиев застана против членството во ЕУ.
Видовме деструктивност, ширење невистини, туркање на насилства, обиди за крвави сценарија.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата стара криминална партија со која се уште управува Никола Груевски.
Тоа се потврди и овие денови. Христијан Мицкоски повотрно замина за Будимпешта, очигледно по нови насоки од Никола Груевски.
Овој пат за новата фарса, барањето за рефрендум кое што е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и кое нема поддршка ниту од партиите во опозицијата.
Мицкоски и Апасиев се изолирани во делувањето против европскиот пат на земјата.
Дури и високи западни дипломати од ЕУ, имаат сериозни критики за деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги наведуваат туркањето на насилствата, крвавите сценарија на анти европските протести, навредите, лагите, палењето документи во Собрнаиска сала.
Но и на домашната политичка сцена се излориани Мицкоски и Апасиев. Пропаднаа сите нивни лаги.
Нема никаква бугаризација, никаква асимилација. Напротив, почнавме преговори со ЕУ со македонски јазик без додавки и фусноси и заштитет идентитет.
Се потврди дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лаже граѓаните, ги злоупотребува.
Мицкоски и пратениците од неговата партија не смогнаа достоинство ниту да дебатираат во македонското собрание ниту пак да гласаат против. Побегнаа.
Северна Макоеднија ги започна преговорите со ЕУ и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки.
Мицкоски заедно со коалицискиот партнер Левица останува на погрешната страна на историјата. Нивните обиди да го спречат напреодкот на земјата пропаднаа. СДСМ, заедно со граѓаните, нема да дозволи нови блокади, продолжуваме напред кон ЕУ, македонската иднина е Европска.
Прес-конфереција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе