Кузеска: Економските мерки ги дадоа очекуваните резултати, поддржани се најпогодените
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, набрзо по прогласувањето на светската пандемија од Ковид 19, креираше економски пакети во којшто се вклучени низа мерки со цел полесно справување со последиците предзвикани од коронакризата врз стопанството, граѓаните, работниците, младите, пензионерите….
Согласно усвоената информација од страна на Владата на Република Македонија, за статусот на реализација на економски мерки , со досегашните пакет мерки, спасени се стотици илјади работни места, поддржани се илјадници компании…
Анализата покажува дека одговорот на фискалната политика на пандемијата во државата беше брз и за претпријатијата и вработените во најпогодените дејност, како и за ранливите категории на граѓани.
Економските мерки коишто ги презеде Владата предводена од СДСМ, имаа силно влијание и во ублажувањето негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.
Фискалниот стимул на досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.
Оттука, се проценува дека падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки, согласно анализата, падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал -8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%.
Почитувани граѓани,
Четирите анти-ковид економски мерки
Во првото тромесечје на минатата година стапката на невработеност порасна од 16,2% на 16,7%, додека пак во третото и четвртото тромесечје бележи постепено намалување на 16,5% и 16,1%, со што просечната стапка на невработеност во 2020 изнесува 16,4%.
Во однос на просечната месечна нето-плата во 2020 година забележан е раст од 7,8%, како резултат на мерките коишто владата предвоена од СДСМ, ги презема пред пандемијата.
Почитувани,
Со петтиот пакет мерки, поддршката на најпогодените од коронакризата продолжува со финансирање на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, а ќе се реализира со договор помеѓу Европската инвестициона банка и македонската Развојната банка, со што 100.000.000 евра ќе се наменат за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз.
Досегашните анти-ковид економски мерки ја постигнаа целта за кој се наменети и го дадоа својот резултат.
Во време на светска и економска криза, исклучително е важна поддршката од државата за секој кој што директно ги чувствува економските последици предизвикани од коронавирусот.
Почитувани,
СДСМ и натаму останува посветена на креирање мерки и политики со коишто ќе се ублажат штетите настанати како резултат од коронакризата.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси