Кутија цигари ќе се продава и за 1280 денари!
Новите цени на цигарите во Австралија се движат од 28, 25 до 33,9 австралиски долари, што е меѓу 17,6 и 21 евро.
Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги зголемат даноците на тутунските производи, наведувајќи дека големите цени се најдобар начин за сузбивање на пушењето кај возрасните, но и кај децата.
Новите цени на цигарите во Австралија веќе стапија на сила, а следната година би требало да пораснат за дополнителни 12,5 отсто.
Како што беше најавено, во јуни месец и дел од цигарите во Македонија поскапеа.
Сега кутија LD слим се продава за 5 денари повеќе или за 80 наместо досегашните 75 денари.
Веќе беше најавено дека де лод цигарите ќе поскапат за 5, дел за 10 денари.
Пред околу еден месец поскапеа и сите видови на „Бос“ цигари, покачени се за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.
Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ