-->
-->
Курти: Убиството на српски полицаец во Лозница да не се политизира
-->
Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција во врска со убиството на српски полицаец, за кое е осомничен косовски Албанец, изјави дека ги има само информациите што беа објавени во медиумите.
– Изворот на информацијата е Србија, нашите надлежни органи ќе ја информираат јавноста за моменталната состојба, рече Курти одговарајќи на новинарско прашање во врска со информацијата дека пасошот на осомничениот за нападот врз полицајците е издаден во Косово и пронајден на местото на убиството, јавија косовските медиуми.
Курти посочи дека оваа работа не треба да се политизирa, туку треба да се третира од безбедносен, правен и професионален аспект.
Тој изјави и дека косовските безбедносни власти собираат информации за случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат