Курти: Србија не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не треба тој да го објави нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, туку тоа, според него, треба да го направи европскиот посредник, јави дописникот на МИА од Приштина.
Предлогот на западните функционери за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во Косово, на Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 21 октомври им беше претставен од претставници на САД, Европска Унија, Франција, Германија и Италија, при нивната посета на Приштина и Белград.
– Сега му следува на европскиот посредник да го објави нацртот јавно и тоа е причината што не можам јас да ги соопштам јавно моите забелешки и критики.
Верувајте дека има разни актери кои со нетрпение чекаат од мене да ги прекршам процесот и процедурите и со тоа би се нарушило и претставувањето на Република Косово.
Што се однесува до мене, нека го објават нацрт-статутот, за да се отвори и патот за објавување на нашите забелешки и критики, изјави Курти пред новинарите во петокот во Приштина.
Курти, како што известува Радио Слободна Европа, повтори дека на 26 октомври на средбата во Брисел со европските лидери изразил подготвеност да го потпише „пакетот, а не еден од текстовите“ што според него прво значи Основниот договор, па Анексот за имплементација, па дури потоа нацрт-статутот.
Курти и Вучиќ во февруари годинава во Брисел го постигнаа Договорот за нормализација, а во мај во Охрид и Анексот за негова имплементација.
Договорот, од 11 члена, предвидува, меѓу другото, ниво на самоуправување на српската заедница во Косово и меѓусебно признавање на државните симболи, додека од Приштина и Белград се бара да ги спроведат сите претходни договори за дијалог.
Според Курти, Србија со одбивањето да ги потпише договорите „не сака заедница за косовските Срби, туку против Косово“. – Дадена е единствена и несекојдневна шанса да се запечати нормализацијата.
Во оваа прилика би сакал да нагласам дека, доколку Србија беше заинтересирана за нормализација, покрај тоа што немаше да го прекрши Основниот договор од 27 февруари, истовремено ќе постигнеше напредок и во поглавјето 35 од преговорите за членство во Унијата, изјави Курти.
Ново на Сител
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина