Курти: Помирувањето со Србија ќе почне единствено откако ќе се извини и дистанцира од Милошевиќ
Косовскиот премиер Албин Курти порача дека помирувањето меѓу Косово и Србија може да почне единствено откако Србија ќе побара извинување за злосторствата што ги извршила во последните војни на Балканот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пораката на Курти уследи по вчерашната одлука на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија да ги казни поранешните челници на српската Служба за државна безбедност (СДБ), Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ со по 12 години затвор.
Косовскиот премиер на неговата страница на Твитер напиша дека Белград треба „да се извини и да се дистанцира од онаа Србија на (поранешниот претседател, Слободан) Милошевиќ“.
„Србија денеска треба да се соочи со своето минато, да ја признае вистината, да се извини и да се дистанцира од онаа Србија на Милошевиќ. Само тогаш може да почне помирувањето“, порача Курти.
Механизмот за кривични судови во Хаг, како што е официјалниот назив на меѓународниот трибунал, ги осуди вчера Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор, оценувајќи дека се виновни за злосторств врз несрпското население во војните во Хрватска и Босна и Херцеговина во 90-тите години од минатиот век.
Според косовскиот премиер, таканаречените „Црвени берети“ при српската СДБ, предводени од Станишиќ и Симатовиќ, по злосторствта во БиХ и Хрватска, ивршиле геноцид и во Косово во војната од 1998-99 година.
Ново на Сител
-
Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
-
Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош