Курти објави дека обезбедил мнозинство за формирање на новата влада
Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти вечерва објави дека успеал да го обезбеди потребното мнозинство од 61 глас од новите пратеници во косовското Собрание, изгласани на изборите од 6 октомври, и дека веднаш по прогласувањето на конечните изборни резултати ќе може да пристапи кон формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Курти, на ВВ, која победи на изборите, и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како втора најгласана партија, како дел од идната владина коалиција денеска ѝ се приклучија и пратеници од три партии на немнозинските заедници, со што е обезбедено потребното мнозинство за изгласување на кабинетот што тој ќе го предложи откако ќе го добие мандатот.
– Без оглед на пребројувањата и панелите (за поплаки и претставки), обезбедено е парламентарно мнозинство за новата влада. Претседателите на три партии на немнозинските заедници, кои се истовремено и идни пратеници, господата Расим Демири, Фикрим Дамка и Алберт Киноли ќе ја гласаат нашата влада и мене како премиер, без условувања – напиша Курти на својата страница на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Приведен 28 годишник од Неготино, украл паричник на случаен минувач
-
Моди: Индија нема да толерира нуклеарна закана од Пакистан
-
Пријавете се за учество во Се или Нешто, Брза Кујна или Листа за 300
-
Лавров на Алјаска во „СССР“ маица
-
Мицкоски: Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети
-
Пријава против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Намерно предизвикување стечај“
-
Проукраински протест во Енкориџ во пресрет на средбата меѓу Трамп и Путин